Сите му се смееја и го нарекуваа најголем киксер, а сега се бара да брани за Германија на СП

Поранешниот голман на Ливерпул, Лорис Кариус, одигра клучна улога и помогна на Шалке 04 да се врати во Бундеслигата.

Навивачите го паметат по неговиот катастрофален настап во финалето на Лигата на шампионите пред осум години, кога неговите две големи грешки практично му ја подарија победата на Реал Мадрид од 3-1 над Ливерпул. По таа судбоносна ноќ во Киев, Германецот никогаш повеќе не бранеше за клубот од „Енфилд“.

Сега, на 32-годишна возраст, Кариус си пронајде среќата во родната Германија. Тој на 12 меча не прими гол оваа сезона. Прими само 24 гола на 29 настапи и беше еден од темелите на успешната сезона за „Рударите“, кои се враќаат во првата германска лига.

Додека Кариус славеше на „Велтинс-Арена“ во Гелзенкирхен, неговата сопруга, познатата водителка, Дилета Леота, објави емотивна објава на Инстаграм. Леота, која е бремена со нивното второ дете, не беше на стадион, но откри колку блиску Кариус бил блиску до напуштање на фудбалот и ја пофали неговата сила и отпорност.

„Овој спорт може да биде тежок, понекогаш непростлив. Ве разоткрива, ве тестира, ве тера да паднете пред сите. Но, ако најдете сила да истраете, повторно да верувате, порано или подоцна ќе ве врати точно таму каде што заслужувате да бидете. Ја видов таа сила одблизу. Во тишината, во тешките времиња, во деновите кога би било најлесно да се откажете. И затоа ова не е само победа. Ова е преродба. Ова е љубов кон она што го правиш. Ова е храброст. Горда сум на тебе“, напиша згодната Италијанка.

Кариус е еден од хероите на Шалке, а сега се надева дека добие покана од селекторот Јулијан Нагелсман за претстојното Светско првенство.

Би било вистинска штета ако оваа сезона не биде крунисана со патување на СП, особено во ситуација кога во тимот сигурно нема да бидат Марк-Андре Тер Штеген и Мануел Нојер. Претходните натпревари на Панцерите го потврдија местото на Оливер Бауман на голот, а се очекува повик да добијат и Александар Нибел од Штутгарт и Ноа Атубола од Фрајбург, иако не треба да се исклучи повик и до Јонас Урбиг од Баерн. На Нагелсмн е да одлучи дали ќе го викне и Кариус, фановите сега го сакаат тоа. 

- Оглас -

Најнови вести