Азар може да замине ако сака

Во пресрет на вечерашното гостување на Челзи кај Борнмут, Маурицио Сари говореше за иднината на Еден Азар. Менаџерот на „сините“ посочи дека вратата е отворена за Белгиецот доколку сака да го напушти „Стемфорд бриџ“, но се надева дека до крајот на сезоната Азар ќе се одлучи да остане во Лондон.

Азар веќе долго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а и самиот „флертува“ со „кралевите“ преку изјави. Претходно истакна дека би бил среќен и ако остане во Челзи, додека клубот му подготвува нов договор бидејќи сегашниот му истекува во 2020 година.

„Азар има 28 години, може сам да си одлучува за иднината. Ако сака да замине, нема да го спречам. Се разбира дека се надевам на поинаков исход од оваа ситуација, мислам дека можеме да го извадиме целиот потенцијал од него. Тој е еден од најдобрите во Европа, би сакал да му помогнам да биде најдобар“, истакна Сари.

Белгиецот сезонава во Премиер лигата бележи учинок од 10 погодоци и 10 асистенции. Мечот Борнмут – Челзи започнува во 20:45 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести