Aзар најави: По финалето во ЛЕ, ќе се случи тоа што треба да се случи

Првата ѕвезда на Челси, Еден Азар, најверојатно својот последен меч во „синиот“ дрес на англискиот тим ќе го одигра во финалето од Лигата на Европа, а потоа ќе направи трансфер во Реал Мадрид. Шпанскиот гигант повеќе од една година се обидува да го доведе Азар на „Сантијаго Бернабеу“, а најверојатно тоа ќе биде завршена работа во летниот преоден рок.

Шпанските медиуми веќе објавија дека целата работа е завршена и дека сите страни се договориле за трансферот. Азар е во Челси од 2012 година и се има радувано на две титули во Премиер лигата, една во ФА Купот, како и на трофејот во Лигата на Европа во 2013 година. Сега има можност да се повтори тој успех во Лигата на Европа. Во финалето ќе играат против градскиот ривал Арсенал.

„Не размислувам за такви работи. Сега сум фокусиран на финалето и сакам да победиме. Потоа ќе се случи тоа што треба да се случи“, рече Азар.

 

- Оглас -

Најнови вести