Азар од понеделник ќе носи нов кралски дрес, позната е сумата за трансферот

Еден Азар со трофејот од Лигата на Европа во своите раце синоќа порача дека е време да си замине од Челзи. Најдобриот играч на тимот од „Стемфорд бриџ“ најави дека му е потребен нов предизвик. Тој предизвик е Реал Мадрид.

Речиси по две години „бркање“, најтрофејниот шпански клуб го договори Азар. За реализација на трансферот потребно е само уште Челзи да даде „зелено светло“, односно двата клуба да се договорат за висината на трансферот. Според најавата, Челзи се согласил да го продаде Азар за сума од 120 милиони евра.

Азар треба да биде новиот предводник на Реал од следната сезона и да го врати Кралскиот клуб на шампионските патеки.

 

- Оглас -

Најнови вести