Азар откри зошто ја заврши кариерата на само 32 години

Еден Азар беше еден од оние фудбалери кои доминираа на теренот неколку сезони и со своите игри ги восхитуваше навивачите. Некогашниот белгиски репрезентативец имаше блескави моменти во дресот на Челзи, а потоа направи трансфер во Реал Мадрид, каде по серијата тешки повреди и пад на форма, реши да ја заврши кариерата на само 32 години.

Белгиецот вели дека ги исполнил сите предизвици во кариерата. Беше шампион на Франција со Лил во 2010 година, потоа со Челзи ги освојуваше пехарите во Премиер лигата, ФА Купот, Лига Купот и Лигата на Европа, за да кога го облече дресот на Реал Мадрид се радуваше на трофеи во шпанското првенство, Купот на Шпанија, Суперкупот, Лигата на шампиони и УЕФА Супер купот.

Азар открива дека е голем гурман и дека сака вкусна храна и добар алкохол и токму поради тоа бил свесен дека неговата кариера нема да трае долго.

„Не внимавав на исхраната. Јас сум хедонист, сакам да јадам и да пијам со пријателите. Диетата е катастрофа. Ако сакаш да играш до 40 години, тогаш е ок, но јас знаев дека нема да бидам еден од тие играчи. Во фрижидерот секогаш имам шише шампањ“, откри Азар, кој од спортските цели вели дека како дете негов идол му бил Зинедин Зидан кого го гледал како игра во дресот на Реал Мадрид и кога успеал да пристигне на „Сантијаго Бернабеу“, го остварил главниот сон.

Азар во кариерата одигра преку 750 натпревари во кои постигна 201 погодок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести