Азар: Ова беше мојата најлоша сезона во кариерата

Еден Азар уште во својата прва сезона во дресот на Реал Мадрид стана шпански првак, меѓутоа не е задоволен од своето издание. Белгиската ѕвезда цела сезона се мачеше со повреди на десниот зглоб, па затоа одигра само 21 меч во сите натпреварувања.

Само еден гол и шест асиснтеции во Ла Лига на 16 средби, не е карактеристичен учинок за Азар, кој цели седум години брилјираше во Премиер лигата во редовите на Челзи.

„Титулата ја освоивме како тим, меѓутоа ако гледаме на индивидуалните перформанси, ова беше мојата најлоша сезона во кариерата“, истакна Азар, а потоа го величеше тренерот Зидан.

„Сите знаеме каков беше Зидан како играч, најдобар на теренот, а таков е како тренер. Верува во своите играчи, а тие веруваат во него, токму поради тоа функционираме одлично“, додаде Азар.

Од неговата преселба на „Сантијаго Бернабеу“, Челзи заработи 135 милиони евра, од кои 100 милиони евра се во кеш, додека останатиот дел Сините го добија од бонуси за освојување на Ла Лига и пласман во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести