Азар потсети на најдобрите денови во Челзи, за Реал дава само убави голови (Видео)

Еден Азар е најзаслужен што Реал Мадрид води со 2-0 на полувремето против Хуеска, бидејќи откако Кралевите долго се мачеа, Азар го отвори резултатот со прекрасен неодбранлив удар со левата нога. После оваа мајсторија на Азар, им олесна на домашните, па со гол на Карим Бензема, дојдоа до комотно водство од 2-0.

За Азар ова е само втор гол во дресот на Реал на официјални мечеви. Првиот го даде на почетокот на октомври минатата година против Гранада, а и тој гол беше убав. Белгиецот изгледа за Реал дава само убави голови, но желба му е почесто да погодува, и ако повредите го заобиколат, тој може да биде клучен играч на шпанскиот првак.

Мечот со Хуеска е посебен и за капитенот Серхио Рамос, кој го игра својот 500-ти лигашки меч во кариерата. Од тие 461 му се за Реал, а 39 за Севилја.

Погледнете го голот на Азар, фудбалер на кого ова му е втор меч од 7 август наваму:

https://twitter.com/i/status/1322534988617818112

- Оглас -

Најнови вести