Аѕурите ослабени за дуелите против Бугарија и Литванија

Фудбалската репрезентација на Италија со чиста победа од 2-0 над Северна Ирска тргна во мундијалските квалификации, но ќе биде ослабена во обидот со максимален учинок да го заврши мартовскиот циклус.

Селекторот Роберто Манчини за гостувањата кај Бугарија утре, и Литванија на 31 март, нема да смета на офанзивците Доменико Берарди и Франческо Капуто, како и капитенот Џорџо Кјелини, кои ја напуштија селекцијата и повредени се вратија во своите клубови.

Берарди беше стрелецот на првиот гол против С. Ирска, но се повреди во текот на средбата и е оневозможен да настапува. Капуто е резервен напаѓач, па можеби неговото отсуство нема да се почувствува, но Кјелини е важен лидер во одбраната кој неодамна закрепна од тешка повреда и му е потребен одмор.

- Оглас -

Најнови вести