Баба на 74 години заигра на професионален турнир

Американката Гаил Фалкенберг испиша историја на ИТФ турнирот на Флорида откако реши да заигра професионален турнир на 74 годишна возраст. Со овој меч, Фалкенберг се врати во профи тенисот по пауза од три години пауза, а камбекот беше очекуван. Бабата тенисерка загуби убедливо 6:0, 6:0 од 20-годишната Французинка Тифани Пике.

„Играњето тенис ме држи здрава. Играм пет до шестпати неделно и немам тренер. Младите играчи сега се многу подобри од претходно. Тениското ниво неверојатно е напреднато. Порано со тенисот не се почнуваше толку рано, денеска децата од пет години се со рекетот во раце“, вели Фалкенберг.

Бабата кога играше пред три години, успеа да ѝ земе два гејма на 52 години помладата Софи Кернет. Најдобриот период на Фалкенберг во тениската кариера ѝ беше во далечната 1987 година, кога беше рангирана на 360-тото место на ВТА-листата.

 

- Оглас -

Најнови вести