Баба на 94 години освои злато на 100 метри на Светско атлетско првенство (Видео)

Дека никогаш не треба да се откажувате од спортот вистински пример е бабата која со 94 години не само што се натпреваруваше, туку и освои златен медал во атлетика. Бабата од Индија по име Багвани Деви Дагар стана славна благодарение на нејзините резултати на Светското првенство во атлетика за постари од 35 години (World Masters Athletic championship), кое се одржуваше во Финска.

На патеката од 100 метри, Дагар успеа да постави резултат од 24,74 секунди што беше доволно за прва да ја мине целта и да се закити со златниот медал.

Освен златото на 100 метри, 94-годишната баба освои уште два бронзени медали во фрлање ѓуле. Со овие успеси, таа стана инспирација на многу спортисти во целиот свет.

„Среќна сум што можам да го направам тоа за мојата земја. Горда сум со освојување на овие медали“, рече Дагар.

- Оглас -

Најнови вести