Бетис е една од екипите кои традиционално се тежок ривал за Реал Мадрид. Дека е така, потврдува и статистиката која вели дека од последните 14 дуели на овие две екипи, Кралскиот клуб има само пет победи. Бетис се радувал трипати, а дури шестпати било нерешено. Според резултатите на овие 14 средби, дури на девет немало повеќе од два гола, што значи дека најчесто се работи за неизвесни „тврди“ пресметки, а најчест резултат е 0:0, петпати во последните 14 дуели.
Реал Мадрид е во позиција да брка победа за да ја задржи тензијата и неизвесноста во трката за титулата со Барселона, додека Бетис теоретски уште има шанси да се бори да биде во Топ 4 на крајот од табелата и да игра во Лигата на шампионите.
Затоа, за еден ваков дерби-дуел има специјална понуда во Sport Life. Килијан Мбапе, кој е ударна игла во нападот на Реал, е главен фаворит за стрелец на првиот гол, а веднаш потоа следува Гонзало Гарсија, кој блесна на последната пресметка со Реал и постигна хет-трик. Сега Гарсија да даде три погодоци за Реал е со квота дури од 30.
Тука се и комбинациите како што се стрелец на гол и победник на мечот, како и статистичките игри за бројот на изведени корнери, направени фаули, добиени жолти картони, упатени удари во рамките на головите, „уловени“ офсајд-позиции.


