Бабангида: Кристијано да беше Африканец, одамна ќе беше во пензија

Некогашната нигериска фудбалска ѕвезда Тијани Бабангида даде свое мислење зошто африканските играчи многу често не ги оправдуваат очекувањата од нив по богат трансфер во врвен клуб.

Бабангида кој во минатото го носеше дресот на Ајакс, смета дека проблемот е во менталитетот.

„Мислам дека целата работа е во менталитетот. Кога еден Африканец ќе се пресели во нов клуб и ќе заработи многу пари, веднаш се релаксира. А, видете го Кристијано Роналдо, кој продолжува да биде гладен за успеси и уште сака да напредува. Ако Роналдо беше од Африка, со тие пари кои ги зема, одамна ќе престанеше да игра“, смета Бабангида.

Според Бабангида, на мнозинството африкански фудбалери не им се најважни титулите, туку во прв ред играат за пари и кога ќе ги добијат парите, сметаат дека ја завршиле работата, па се релаксираат. Секако има исклучоци, многу Африканци станаа големи ѕвезди и топ-играчи во светски рамки, но повеќето не се такви.

„Најголем дел од играчите од Европа имале сè во детството, додека најмногу од Африканците пораснале во тешка сиромаштија. Затоа кога ќе потпишат богат договор, им паѓа концентрацијата и мотивацијата. Жал ми е што е така, но тоа е вистината“, завршува Бабангида.

- Оглас -

Најнови вести