Бабунски е еден од 50-те најголеми бисери на Барса во последната деценија

Шпанскиот спортски весник „Марка“ објави листа од 50 најталентирани фудбалери кои потекнале од школата на Барселона во последните десетина години, а меѓу нив го смести и Македонецот Давид Бабунски. „Марка“ се осврна на 50-те играчи кои се сметале за бисери на „Ла Масија“, но мал дел од нив направија кариери какви што им се предвидуваа.

Бабунски има 26 години, а го опишуваат како фудбалер кој многу сака да чита и пишува. Во јануари 2016 година Давид им напиша проштално писмо на Каталонците на кое се сеќаваат многумина. Давид ги критикуваше Пике и Арбелоа за „војната“ на „Твитер“ бидејќи им даваат лош пример на децата. По три сезони во Барса Б, премина во Црвена ѕвезда, имаше и јапонска авантура, а на почетокот на месецов потпиша за романскиот клуб Ботошани.

Покрај Бабунски, на листата од 50 таленти кои поникнаа од „Ла Масија“ се и познати играчи како: Белерин, Бартра, Серџи Роберто, Тијаго Алкантара, Рафиња, Телјо, Делофеу, Адама Траоре, Кеита Балде, итн.

- Оглас -

Најнови вести