Брегалница со минимална победа го чува врвот, Скопје го доби дербито против Охрид

Екипата на Брегалица Штип минимално со 1:0 победи на тешкото гостување кај Беласица, во меч од 27. коло на Втора фудбалска лига на Македонија. Со оваа победа Брегалница сега има 64 бодови и останува на лидерското место на табелата.

Во вториот дерби дуел што се играше денеска, Скопје на својот стадион во Автокоманда, со гол во 10 минута стигна до победа над Охрид. По оваа победа Скопје се искачи на второто место на табелата со 62 бодови, додека Охрид остануба на 59 бодови и сега падна дури на четвртото место на табелата.

Шкендија од Арачиново останува во чекор за влез во прва лига, откако ја заврши домашната задача против Вардар Неготино и победи убедливо со 8.2. Сите дилеми околу победникот беа решени уште во првото полувреме кога резултатот беше 6:1 за домаќините.

Резултати: Беласица – Брегалница 0.1, Детонит – Каменица Саса 0:0, Скопје – Охрид 1:0, Осогово – Кожуф 0.1, Победа – Тетекс 0:3, Шкендија Арачиново – Вардар Неготино 8:2, Слога Виница – Новаци 0:2.

ТАБЕЛА

Брегалница 64, Скопје 62, Шкендија (А) 62, Охрид 59…

- Оглас -

Најнови вести