Бабунски и Етеми играат во врвна форма и редовно стрелаат а нивните екипи победија со ист резултат

Македонските репрезентативци, Дорјан Бабунски и Валон Етеми погидија за своите екипи Дебрецин и Итанбулспор во триумфите од по 3:1.

Етеми, стрелаше во 68-та минута во победата на својот тим над Бурсаспор со што дојдоа до 54-от бод во турската втора лига и се наоѓаат на четврттото место, со изгледни шанси да се пласираат во најсилната турска фудбалска лига.

За Валон ова е голот број шест во сезоната, додека на своето конто има и седум асистенции.

Бабунски, пак, влезе на теренот на мечот против Гирмот во 75-та, а само 11 минути подоцна погоди со што стави печат на победата од 3:1. Ова е четврти гол за Македонецот во дресот на унгарскиот тим.

Со оваа победа, Дебрецин сега има 35 бода и се наоѓа на осмото место и практично си го обезбеди опстанокот во елитата на Унгарија за наредната сезона. Бидејќи токму Гимрот е екипата која што е на делба на претпоследната позиција која носи испаѓање и има 26 бода.

- Оглас -

Најнови вести