Бабунски со два гола е херој на Дебрецин, Адеми погоди за Динамо, а Ристевски асистираше (Видео)

Дориан Бабунски продолжува со одличните игри во дресот на Дебрецин. Македонскиот репрезентативец даде два гола во победата на гостувањето кај Хонвед со 3:2. Бабунски прво погоди со глава во 27 минута, а потоа беше прецизен и во 71 минута кога израмни на 2:2.

Вториот погодок на бабунски беше од 30-тина метри кога го искористи киксот на домашниот голман. Дориан веќе има девет погодоци сезонава во унграскиот шампионат што го става на четвртото место на листата нa стрелци.

Голгетерски расположен беше и капитенот на Динамо, Аријан Адеми кој погоди во триумфот на Модрите кај Вараждин со 3:1. Адеми беше стрелец на третиот гол во 85 минута. Активен учесник во првиот погодок на Динамо беше и Стефан Ристовски кој асистираше на Иванушец.

- Оглас -

Најнови вести