Бадијала Боли трошеше како луд, четири јануарски засилувања нема да играат во ЛШ

Англискиот премиерлигаш Челси ги одреди фудбалерите што ќе играат во нокаут фазата во Лигата на шампионите, а менаџерот Греем Потер имаше големи главоболки при одлуката бидејќи изостави неколку засилувања што беа донесени во зимскиот преоден рок.

Потер се одлучи да избере 24 фудбалери на кои ќе смета во ЛШ, а  остави едно место за секој случај, но, големо изненадување претставува изоставувањето на дефанзивецот Беноа Бадијашил.

Сините немаат примено гол кога Бадијашил бил на теренот, но Потер смета дека за ЛШ потребно му е искуство во одбраната и поради тоа го изостави јануарското засилување.

Исто така на списокот ги нема ниту Нони Мадуеке, Андре Сантош и Давид Фофана, за кои сопственикот на Сините, Тод Боли, во јануари искешира 90 милиони евра. Потер исто така се откажа и од Пјер-Емерик Обамејанг кој минатото лето беше платен 35 милиони евра.

Според правилата на УЕФА, само тројца нови фудбалери во однос на тимот што играше во групната фаза, можат да бидат регистрирани за нокаут фазата. Потер се одлучи тоа да бидат Енцо Фернандес, Михајло Мудрик и Жоао Феликс.

„Знам дека ќе има некои непријатни разговори, но ова е нашата реалност сезонава“, изјави Потер.

Челси во осминафиналето од ЛШ ќе игра против германскиот тим Борусија Дортмунд.

- Оглас -

Најнови вести