Бадоса: Непријатно ќе ми биде да играм со Сабаленка, знам што се случило, но нема да кажам

Паула Бадоса и Арина Сабаленка се најдобри другарки на ВТА тур, се дружат приватно, а утре ќе треба да играат една против друга на турнирот во Мајами, само два дена по трагедијата која ја снајде Белорусинката.

Момчето на Сабаленка, ексхокеарот Константин Колцов, вчера си го одзеде животот со скокање низ прозорец од соба во хотел во Мајами. Сабаленка донесе шокантна одлука, реши да игра на турнирот во Мајами.

Бадоса во пресрет на мечот рече дека и синоќа и утрово долго време разговарала со Сабаленка, знае што се случило и која е причината за самоубиството на Колцов, но ветила дека нема да каже бидејќи нејзината другарка минува низ тежок период. Бадоса додаде и дека ќе ѝ биде непријатно да игра против Арина, а за Белорусинката вели дека е силна жена и ќе го преброди ова.

- Оглас -

Најнови вести