Ливерпул официјално го потврди назначувањето на Андони Ираола за нов менаџер на клубот. Баскискиот стратег пристигнува на „Енфилд“ како наследник на Арне Слот, кој доби отказ по разочарувачката сезона во која „црвените“ не успеаја да ја одбранат титулата и завршија на петтото место во Премиер лигата.
Од клубот не ја открија должината на договорот, но според информациите, Ираола најверојатно потпишал до летото 2028 година.
43-годишниот тренер доаѓа по три успешни сезони на клупата на Борнмут. Под негово водство, „црешите“ испишаа историја обезбедувајќи пласман во Лига Европа, откако минатата сезона завршија на шестото место во Премиер лигата, само три бода зад Ливерпул.
Раководството на клубот верува дека Ираола е вистинскиот човек за нов почеток и враќање на тимот во борбата за титулите во Англија и Европа. Неговиот офанзивен стил на игра и одличната работа со Борнмут беа клучните причини поради кои Ливерпул се одлучи токму за него.
Пред шпанскиот стручњак сега стои голем предизвик – да го врати Ливерпул меѓу најдобрите тимови во Англија и повторно да обезбеди место во Лигата на шампионите.
We can confirm Andoni Iraola has agreed a deal to become the club’s new head coach ahead of the 2026-27 season 🤝
— Liverpool FC (@LFC) June 4, 2026

