Бадоса шокирана, доби честитка за „победата“: За ваша информација, го загубив натпреварот! (Видео)

Шпанската тенисерка Паула Бадоса, која во последно време е позната и како девојка на Стефанос Циципас, вчера против Марта Костјук го загуби првиот сет, а потоа го предаде мечот.

Нормално е дека беше разочарана и не беше расположена, а на прес-конференцијата после мечот беше шокирана кога еден новинар ѝ честиташе победа.

„Ви честитам за победата“ – рече меѓу другото новинарот кој праша во каква физичка состојба е тенисерката, а Бадоса му дофрли: „Загубив“.

Но, тој си продолжи по свое, а изненадената Бадоса не можеше да премолчи.

„За ваша информација, само што го загубив мечот, би сакала да се чувствував подобро“ – повтори Бадоса со надеж дека овојпат новинарот ќе сфати дека погрешил со честитката.

https://www.youtube.com/watch?v=DTRlTYY-W0s

- Оглас -

Најнови вести