Баер Леверкузен со гол во 90+7 минута ја продолжува чудесната низа и уште е без пораз (Видео)

Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен одиграа 1:1 во дербито на 30 коло во Бундеслигата. Домаќините може да жалат што не победија затоа што имаа предност до последните секунди од средбата.

Милионерите поведоа со погодокот на Фулкруг во 81 минута и беа на чекор да бидат првиот тим кој ќе успее да го порази Баер Леверкузен сезонава. Сепак, тоа не се случи, затоа што фармацевтите преку Јосип Станишиќ со гол во 90+7 минута израмни на 1:1 и тој погодок може да го видите ТУКА.

Баер Леверкузен е сигурен првак во Бундеслигата, но за гостите ова реми е голема сатисфакција бидејќи мисијата на тимот на Чаби Алонсо е сезоната да ја завршат без ниту еден пораз. Во првенството, Баер Леверкузен е со 25 победи и пет нерешени, а ако се гледаат дуелите во сите натпреварувања, билансот на овој тим е 45 натпревари без пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести