Нема зима за Баер и Баерн кога противници се Аугсбург и Падерборн

Александар Васоски прави вистинско чудо со младиот тим на Вардар, а и покрај нестабилната финансиска ситуација во клубот и забраната за трансфери го предводи најтрофејниот клуб до лидерската позиција во Првата македонска лига по 7 кола.

И играчката кариера му беше беспрекорна со 33 настапи за македонската репрезентација и шестгодишен престој во Ајнтрахт Франкфурт во силната Бундеслига. Повторно е специјален гостин на страниците на Спорт Манија и со свои анализи и предлог типови од германското првенство како и лани ќе се обиде да ви помогне да стасате до добивка.

Еве ги петте предлог типови на Васоски за шестото коло во Бундеслигата:

 

Аугсбург – Баер Леверкузен (Сабота, 15.30 часот)

Баер Леверкузен е поквалитетен тим од Аугсбург и очекувам да победи. Тука во прилог ми додал дека „фармацевтите“ имаат неверојатна серија без пораз од Аугсбург на 17 натпревари, што е знак за доминација и потврдува колку Баер е незгоден ривал за денешниот домаќин.

Аугсбург има и проблеми со повредени играчи, прима доста голови што е шанса за одличните напаѓачи на Баер да се истакнат. Хаверц, Амири, Воланд и Аларио се квалитетни офанзивци, за кои верувам дека одбраната на Аугсбург нема репение, па ќе типувам дека гостите ќе ги освојат бодовите.

Предлог тип: 2 (1.84) Супер тип на Sport Life

 

Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах (Сабота, 15.30 часот)

Интересен дуел на кој очекувам доста голови. И двете екипи на стартот од новата сезона тешко ги тресат противничките мрежи, иако имаат одличен потенцијал во нападот.

Проблем за Хофенхајм е што Крамариќ е повреден и не игра, а и новото засилување од Салцбург Самасеку собра само нешто повеќе од половина час игра во првите пет кола и се повреди.

Тоа се одрази и на игрите и на бодовната залиха на Хофенхајм, која е скромна по првите пет кола, па очекувам офанзива од тимот што лани беше трет најефикасен во Бундеслигата.

И Борусија ќе сака победа, што би им била трета по ред, како сатисфакција за тешкиот пораз во Европа Лигата од Волфсбергер со 0:4 на домашен терен. И кај нив ситуацијата со повредени играчи е загрижувачка, но Плеа, Емболо и Херман се квалитетни офанзивци што знаат да погодуваат и очекувам ефикасен меч

Предлог тип: 3+ (1.62)

 

Падерборн – Баерн Минхен (Сабота, 15.30 часот)

Разликата во класа меѓу двата тима е голема, а во прилог оди и билансот во меѓусебните дуели на Падерборн и Баерн Минхен. Четири дуели и четири победи на актуелниот првак сите многу убедливи со вкупна гол-разлика од 21:1.

Лани за последен пат играа меѓусебе во купот на Германија и Баерн славеше со 6:0 како гостин. И во Бундеслигата во 2015 година најтрофејниот германски клуб го прегази Падерборн со идентичен резултат на гостински терен, што ја потврдува големата разлика во квалитет.

Очекувам уште една убедлива претстава на Баерн и висока победа, па дури за похрабрите би препорачал тип 2-2&4+.

Предлог тип: 2-2&3+ (1.96)

 

Лајпциг – Шалке 04 (Сабота, 15.30 часот)

Јулијан Нагелсман и во Лајпциг покажува дека е еден од најдобрите млади тренери во Европа, а Ред Бул игра фантастично од почетокот на новата сезона. Лидери се во Бундеслигата со четири победи и едно реми, а и во Лигата на шампионите стартуваа со вреден триумф на „Луж“ против Бенфика.

Двајцата Австријци Ламер и Волф нема да играат поради повреди, има уште неколку играчи чиј настап против Шалке 04 е неизвесен, но Нагелсман има и широк ростер и одлични решенија на секој меч досега како кормилар на Лајпциг.

И Шалке 04 конечно има добар увод во сезоната, откако лани се мачеше да обезбеди опстанок. Американецот Давид Вагнер донесе свежина и одлично го води тимот што е во серија од три победи. Проблем ќе им биде неиграњето на Алжирецот Бенталеб, но Мароканецот Харит блеска во првите пет кола и е одлична замена. Овде ќе има интересно тактичко надмудрување на два одлични тренери, а очекувам Лајпциг да продолжи победнички во ефикасен меч на „Ред Бул арена“.

Предлог тип: 1&3+ (2.10)

 

Борусија Дортмунд – Вердер (Сабота, 18.30 часот)

Борусија повторно е јандидат за највисок пласман во Бундеслигата и повторно има екстра квалитетен тим. Одиграа одлично против една Барселона, која беше надиграна во Дортмунд од полетниот состав на домаќините, кои го потврдија и талентот на младите играчи и квалитетот што го има тимот.

Избраниците на Лусиен Фавр повторно играат офанзивно, постигнаа 15  гола во петте кола во Бундеслигата и очекувам да продолжат во тој стил, ефектно, ефикасно и атрактивно и против Вердер.

Тимот од Бремен е само еден од трите клуба досега што нема реми на стартот од сезоната во Бундеслигата, за нив бод во Дортмунд би бил голем успех, но типувам на поквалитетниот тим и победа на Борусија.

Предлог тип: 1&3+ (1.54)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести