Баерн да сакаше, немаше да добие толку добар ден – ниеден од ривалите не победи

Баер Леверкузен непријатно беше изненаден на домашен терен и загуби убедливо со 1:4 од Волфсбург, во дуел од 28-мото коло во Бундеслигата. По овој кикс, Фармацевтите останаа на 53 бодови и сега имаат двоцифрено заостанување зад лидерот Баерн Минхен, кој попладнево славеше на гости во дербито против Борусија Дортмунд.

Хрватскиот интернационалец Мартин Понграчиќ погоди пред крајот на првото полувреме и ја најави победата на Волфсбург. Гостите во вториот дел дадоа уште три гола за убедлива предност од 4:0, а пред крајот, домаќините постигнаа само почесен погодок.

Ајнтрахт се спаси од пораз на свој терен и одигра 3:3 против Фрајбург, во меч на кој гостите водеа со 1:0, а потоа и со 3:1. Екипата од Франкфурт даде два гола во последните 15 минути и на тој начин стигна до бод. Од фаворитите, Борусија Менхенгладбах одигра без погодоци на гости кај Вердер Бремен, па сега и тие имаат двоцифрено заостанување во однос на лидерот Баерн Минхен.

 

- Оглас -

Најнови вести