Баерн ќе нападне, но ќе го заврши патот за одбрана на титулата во ЛШ

6003 ПСЖ – Баерн Минхен (21 ч.)

Пари Сен Жермен со предност од 3:2 го пречекува Баерн Минхен во реванш-мечот од четвртфиналето во Лигата на шампионите, што значи дека Светците имаат голема шанса да го елиминираат актуелниот европски првак и да се реваншираат за болниот лански пораз во финалето.

На првиот меч во Минхен, двата тима покажаа дека се офанзивно расположени, па беа упатени дури 37 шута кон двата гола. Баерн имаше тотална офанзива со 31 удар, но даде само два гола, додека гостите од шест шута се радуваа на три погодоци.

Баерн нема што да изгуби и повторно може да се очекува офанзива на акутлениот европски првак, но ПСЖ покажа дека има против игра и се очекува од вечерва Европа да го чека новиот европски фудбалски клупски првак.

Предлог тип: 2+I & 2+ II (3.25)

 

6002 Челзи – Порто (21 ч.)

Со победата од 2:0 на гости, Челзи вечерва треба рутински да одработи место во полуфиналето на ЛШ. Порто досега четирипати гостувал на „Стемфорд бриџ“ и секогаш губел (2;0, 1:0, 2:1, 3:1). Одбраната е најголемиот адут на Челзи, тим кој во последните 18 меча дури 14 пати ја сочува својата мрежа.

Порто на последните седум средби во сите натпреварувања игра со 2-3 гола, а тоа може да се каже и за меѓусебните средби на овие два тима, кои од девет натпревари, дури шестпати одиграле со 2-3 погодоци.

Предлог тип: 1&2-3 (3.90)

 

1013 Ротерам – КПР (20 ч.)

Ротерам е најслабиот тим на домашен терен во Чемпионшип во Англија. Во 18 меча, Ротерам освои само 15 бода, а ги загуби последните пет дуели дома. Токму поради овој биланс, Ротерам е во зоната за испаѓање.

КПР е сигурен на средината на табелата, тим кој игра офанзивно, но има и слаба одбрана. Традицијата на меѓусебните дуели вели дека на шест од последните седум средби, имало барем по три погодоци, а петпати биле тресени мрежите на двата тима.

Предлог тип: ГГ3+ (2.22)

 

1025 Виган – Сандерленд (19 ч.)

Некогаш беа ривали во Премиер лигата, а сега се дел од Лига 1, односно третиот ранг на натпреварување во Англија. Виган е во зоната за испаѓање, додека Сандерленд се бори за место кое директно води во ранг погоре. Сандерленд е одличен на гости и сезонава загуби само еднаш во 19 меча (10 победи, осум нерешени).

Во есенскиот дел, Виган победи на гости со 1:0, што беше изненадувачки резултат, па Сандерленд сигурно сега ќе биде многу повнимателен, да не биде повторно изненаден.

Предлог тип: 2 (1.74)

 

1012 Шефилд вензди – Свонси (19 ч.)

Дуел на две екипи со различни амбиции. Шефилд веќе со минимални шанси за спас од испаѓање, а Лебедите со желба за враќање во Премиер лигата. Домаќините имаат слаба одбрана, што е адут за Свонси да нападне. Кога играат овие два тима, традицијата вели дека има голови на двете страни.

Во последните пет меѓусебни средби, резултатите завршувале 1:1, 2:1, 2:2, 3:1, 2:1, што значи дека овој меч е „печен“ за ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (2.80)

 

- Оглас -

Најнови вести