Баерн донесе конечна одлука, Тухел го напушта тренерското столче

Управата на Баерн Минхен донесе конечна одлука да го смени тренерот Томас Тухел, но оваа одлука нема да стапи на сила веднаш, туку на крајот од сезоната.

По разговорите кои челниците на Баерн ги имале со Тухел, договорено е тренерот да ја одработи сезоната до крајот, а потоа да си замине од „Алијанц арената“, објави новинарот на „Скај спорт“, Флоријан Плетенберг.

Челниците на Баерн не успеале да најдат соодветно решение, големо тренерско име кое ќе се нафати уште сега да седне на клупата и поради тоа одлучиле да го остават Тухел до крајот на сезоната да ја води екипата.

Оваа одлука е очекувана бидејќи Баерн може да остане без ниту еден трофеј сезонава. Во Бундеслигата заостанува осум бода зад лидерот Баер Леверкузен, а во осминафиналето од Лигата на шампионите загуби од Лацио со 1:0 во првиот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести