Баерн е новиот лидер во Бундес лигата

Баерн Минхен немаше милост против Волфсбург и победи со 6:0 на „Алијанц Арена“, во меч од 25. коло во Бундеслигата. Овој висок триумф беше доволен за Баерн да се искачи на врвот на табелата, иако три бода во ова коло освои и Борусија Дортмунд. „Милионерите“ на свој терен славеа со 3:1 против Штутгарт, но ја загубија водечката позиција и тоа поради послабата гол разлика.

Роберт Левандовски даде два и стана најефикасниот странски фудбалер во Бундес лигата. Полскиот репрезентативец сега има 197 погодоци и за два гола го надмина досегашниот рекорд на Клаудио Пизаро. Гол даде и Томас Милер, а и тој постави своевиден рекорд. Кога Милер дава гол, Баерн имаше 82 победи и само пет нерешени средби, без ниту еден пораз.

Со оваа победа од 6:0, Баерн стигна до гол разлика од 62 дадени и 28 примени голови, доволно да дојде пред Борусија Дортмунд. „Милионерите“ сега имаат гол разлика 61:28, а двата тима имаат по 57 освоени бодови.

Резултати: Баерн Минхен – Волфсбург 6:0, Борусија Дортмунд – Штутгарт 3:1, Фрајбург – Херта 2:1, Лајпциг – Аугзбург 0:0.

 

- Оглас -

Најнови вести