Баерн ги претстави новите „дреч“ дресови, и им се врати играч кој отсуствуваше 285 дена

Баерн Минхен го совлада Олимпик Марсеј со 1-0 во пријателски натпревар, баварците имаа повеќе шанси да триумфираат и поубедливо, но мрежата ја погоди само Серж Гнабри во 19-та минута. Тренерите им дадоа шанса на сите, а за Баерн заигра и дефанзивецот Никлас Суле, што за него е прв меч после пауза од 285 денови.

Една од новините кај Баерн се новите бели дресови. Тимот од Минхен се подготвува за завршницата од Лигата на шампионите, додека Марсеј е во фаза на подготовки за претстојната сезона во францускиот шампионат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести