Баерн и Борусија играат дерби од соништата во Бундеслигата (Видео)

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд играат 2:2 по првото полувреме во најголемото дерби во германската Бундеслига. Уште во воведните две минути се покажа дека мечот на „Алијанц Арена“ ќе биде вистинско гол-шоу.

Ерлинг Халанд по само 75 секунди игра ги доведе гостите во водство од 1:0. Првата ѕвезда на Милионерите продолжи во ист стил, па веќе во деветата минута гостите водеа со 2:0, а повторно стрелец на погодокот беше Халанд. Двата гола на гостите може да ги видите ТУКА.

Низ историјата на Бундеслигата, Баерн Минхен само еднаш претходно примил два гола во воведните девет минути на свој терен. Тоа се случило во далечната 1977 година на дуелот против Дуизбург, кога Роналд Ворм погоди два пати.

Иако Баерн беше во негатива од 0:2 по неполни 10 минути,  шампионот не се предаде. Следеше „будење“ на најдобриот фудбалер на Баерн и прв стрелец во Германија, Роберт Левандовски. На двата гола на Халанд, Левандовски возврати со два погодоци.

Полјакот прво погоди во 26 минута за 1:2, а пред крајот на првиот дел беше прецизен и од пенал за 2:2 по само 45 минути во Минхен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести