Баерн и Гнабри ја продолжија соработката

Баерн Минхен ја продолжи соработката со крилниот офанзивец Серж Гнабри. Германскиот репрезентативец потпиша нов договор до јуни 2023 година, обновувајќи го стариот кој му важеше до 2020 година.

„Пресреќен сум што за новиот договор тука го најдов своето место и со љубов го носам дресот на Баерн. Се надевам на долга и успешна соработка со Баерн, нормално, и многу трофеи. Тука напреднав многу, се надевам дека ја оправдувам довербата, а очекувам уште поголем напредок во блиска иднина“, истакна Гнабри.

Дваесет и три годишниот Германец сезонава настапи вкупно на 29 меча на кои осум пати се запиша во листата на стрелците, додека им намести пет погодоци на своите соиграчи. Професионалната кариера ја започна во Арсенал, но таму не доби вистинска шанса и замина во Вердер Бремен. Само по една сезона, Баерн го откупи само за осум милиони евра, а откако лани беше еден од подобрите играчи на Хофенхајм, каде што играше на позајмица, сезонава добива доста доверба од Ковач и полека се наметнува во стартниот состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести