Баерн и Ливерпул ќе одат понатаму, на повидок две „сигурици“ од Чемпионшип

6005 Баерн Минхен – Салцбург (21.00 часот)

Првиот меч во Австрија заврши со 1-1, што беше прилично изненадување, и тоа фаворитот изедначи дури во 90-тата минута, па Црвените бикови покажаа дека не случајно се осминафиналисти. Во Минхен сликата треба да биде поинаква, овојпат веруваме дека Баерн ќе биде тимот кој прв ќе поведе, а потоа ќе му биде тешко на Салцбург да направи пресврт и чудо. Во минатата сезона, Баерн во Минхен го победи Салцбург со 3-1. Баерн викендов дома одигра само 1-1 со Баер Леверкузен, па ќе мора да ја подобри ефикасноста ако сака да оди меѓу осумте најдобри во Европа.

Предлог тип: 2>1 (1.82)

 

6006 Ливерпул – Интер (21.00 часот)

Јирген Клоп рече дека победа од 2-0 на прв меч е најнезгоден резултат бидејќи може да дојде до опуштање кај тимот кој победил. Сигурно дека Германецот ќе бара од своите фудбалери повторно да бидат ефикасни како во Милано и да ги казнуваат грешките. Многумина го отпишуваат Интер, кој после ова треба да се фокусира на одбрана на титулата во Италија. Вечерва нема да игра Фирмино, кој го постигна првиот гол во Милано. Црвените одамна немаат загубено дома, а Интер не е претерано опасен гостин.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.82)

 

1012 Свонси – Фулам (20.45 часот)

Фулам сигурно гази кон враќање во англиската Премиер лига, прв е со двоцифрена бодовна предност, а благодарение на рекордерот Митровиќ, Фулам е и убедливо најефикасен тим, постигнаа 84 гола на 34 меча. Свонси во последно време игра добро, има три победи во последните четири кола и безбеден е од испаѓање, а ова се тимови кои  ретко играат нерешено. Фулам и на крајот на февруари гостуваше во Велс, но кај Кардиф и победи со 1-0. На последниот дуел на овие екипи кога Лебедите биде домаќини, во 2019 година, Фулам победил со 2-1.

Предлог тип: 2 (1.77)

 

1013 Борнмут – Питерборо (20.45 часот)

Ова треба да биде меч во кој домашните ќе доминираат и ќе победат. Борнмут се бори за влез во Премиер лигата, но загуби во минатото коло и тоа беше чекор назад, но уште е со големи шанси да биде прв или втор и директно да влезе во англиската елита. Борнмут е втор најефикасен тим во Чемпионшип, а Питерборо е последен на табелата и има најмногу примени голови. Питерборо има четири порази по ред, се чини дека не му бега и петтиот во низа.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.85)

 

5261 Ал-Хилал – Ал-Итихад (18.45 часот)

Ова е дерби-меч во првенството на Саудиска Арабија. Ал-Итихад е убедливо прв на табелата со осум бода пред вториот, а Ал-Хилал е четврти, но има и три меча помалку од тимовите пред него и може да се пробие погоре, особено што е во одлична форма и освои 13 бода во последните пет кола. Ова е дуел на двете екипи со најмалку примени голови во лигата. Последниот меѓусебен дуел го имаа лани во април, кога Ал-Итихад победи со 2-0, но на гости Ал-Итихад не победил против Ал-Хилал од октомври 2016 година.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (3.40)

- Оглас -

Најнови вести