Карлос Алкарас ќе го пропушти и Вимблдон

Карлос Алкарас предизвика вистински шок во тенискиот свет откако потврди дека поради повреда нема да настапи ниту на Вимблдон, еден од неговите омилени турнири и место каде што двапати во кариерата стигна до титулата.

Шпанецот фантастично ја отвори сезоната со триумф на Отвореното првенство на Австралија, но потоа следуваше пад во формата и проблеми со повреда на зглобот. Минатиот месец Алкарас објави дека ќе го пропушти и Ролан Гарос, а денеска потврди дека нема да игра ниту на тревната сезона, вклучувајќи ги турнирите во Квинс и Вимблдон.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Carlos Alcaraz Garfia (@carlitosalcarazz)

„Закрепнувањето оди во добра насока и се чувствувам многу подобро, но сè уште не сум подготвен за натпреварувачки тенис. Поради тоа морам да се повлечам од Квинс и од Вимблдон. Тоа се турнири кои ми значат многу и навистина ќе ми недостигаат. Ќе продолжиме напорно да работиме за што побрзо да се вратам на терените“, порача Алкарас преку социјалните мрежи.

Неговото отсуство ќе има и сериозни последици на АТП-листата. Со пропуштањето на Ролан Гарос ќе загуби 2.000 бода, дополнителни 1.300 од Вимблдон, како и 500 бодови од турнирот во Квинс, каде што минатата сезона ја освои титулата.

Според актуелните прогнози, Карлос Алкарас најрано би можел да се врати на терените на Мастерсот во Монтреал, кој започнува кон крајот на јули.

- Оглас -

Најнови вести