Баерн како да не е од оваа планета, ја понижи Барселона и најави европска титула

Тешко се наоѓаат зборови со кои може да се опише тоа што Баерн Минхен вечерва во Лисабон им го направи на Лионел Меси и другарите од Барселона. Победата од неверојатни 8-2 никој не можеше да ја превиди, но Баерн беше решен да го уништи противникот и успеа во тоа.

Баерн за последен пат стана европски првак во 2013 година, а и тогаш на патот до трофејот ја елиминираше Барса на доминантен начин.

До вечерва, Барса никогаш немаше примено повеќе од четири гола на меч од ЛШ, а сега прими двојно повеќе од тоа. Дури и нивниот играч Кутињо кој е позајмен во Баерн, им даде два гола во финишот. Погоди и Роберт Левандовски кој останува на патот до рекордот на Кристијано Роналдо по број на голови во една сезона во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести