Баерн ќе има канадска врска – Дејвид ќе му се приклучи на Дејвис

Џонатан Дејвид игра феноменално во Жупилер лигата во Белгија, со 18 гола за Гент е прв стрелец во шампионатот и веќе има понуди од големите клубови.

Арсенал сака да го ангажира 20-годишниот канадски репрезентативец како замена за Обамејанг, или за Лаказет, но германските медиуми објавија дека Баерн е фаворит во трката за перспективниот напаѓач.

Баварците веќе го имаат во своите редови Канаѓанецот Алфонсо Дејвис, кој игра одлично, па ќе ја искористат врската да го ангажираат неговиот сонародник.

Според информациите од германските медиуми, Дејвид сака да игра во Бундеслигата, фаворит му е Баерн, па Арсенал полека, но сигурно ја губи трката за црномурниот напаѓач на Гент.

За Дејвид, Баварците се подготвени да платат отштета од 25 милиони евра, колку што бара Гент, иако напаѓачот нема клаузула за отштета во договорот со сегашниот клуб.

 

 

- Оглас -

Најнови вести