Баерн Минхен драстично ослабен против Унион Берлин

Германскиот првак Баерн Минхен ќе биде без неколку фудбалери за следниот меч во Бундеслигата. Баварскиот гигант ќе гостува во главниот град Берлин, на тимот на Унион. Тренерот на Баерн, Ханс-Дитер Флик откри дека се соочува со многу проблеми околу составот.

Со сигурност нема да играат првиот стрелец Роберт Левандовски, како и Даглас Коста, Никлас Зиле, Леон Горецка, Марко Роке, Лукас Ернандес и Корентин Толисо. Ќе го нема ни Серж Гнабри кој е позитивен на Коронавирусот, како и суспендираниот Алфонсо Дејвис.

На седум кола до крајот во Бундеслигата, Баерн има седум бода пред вториот Лајпциг.

 

- Оглас -

Најнови вести