Баерн Минхен е шампион на Германија, титулата му ја донесе пораз на тренерот Нагелсман

Борусија Дортмунд во возбудлув натпревар го совлада Лајпциг со 3-2, и на Баерн Минхен му ја гарантираше новата титула. Баерн нешто подоцна игра со Борусија Менхенгладбах, но и да загуби, титулата му е сигурна на две кола до крај, бидејќи има позитива од шест бода во однос на Лајпциг.

За Баерн ова е деветта титула по ред, со што го изедначија рекордот на Јувентус од Топ 5 лигите.

Ројс и Санчо ја донесоа Борусија во водство од 2-0, но Црвените бикови изедначија на 2-2, пред на крај Санчо да погоди уште еднаш за триумф на Дортмунд, по кој тимот ја продолжува битката за место во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести