Баерн Минхен елиминиран од Купот на Германија!

Екипата на Баерн Минхен е елиминирана од Купот на Германија откако вечерва со пресврт загуби од Фрајбург со 2-1. Патот до еден од трофеите оваа сезона за Баерн заврши уште во четврт-финалето.

Натпреварот започна одлично за Баерн Минхен. Баварците дојдоа до водство уште во 19-тата минута преку погодокот на Упамекано. Гостите брзо се вратија во игра откако преку Хофлер со прекрасен погодок израмнија на 1-1.

Баерн Минхен во текот на целиот натпревар доминираше, притискаше да го реши дуелот, но не успеваше да го пронајде патот до голот на Флекен.

Шокот на „Алијанц арената“ се случи во петтата минута од судиското надополнување на времето, кога Холер од пенал му донесе голема победа на Фрајбург од 2-1 и пласман за својата екипа помеѓу најдобрите четири во Купот на Германија.

- Оглас -

Најнови вести