Баерн Минхен го има лекот и за Баер па го победи сред Леверкузен и обезбеди финале во Купот

Само неколку дена откако и официјално ја одбрани титулата во првенството, екипата на Баерн Минхен сега се радува и на пласман во финалето на Купот во Германија. Баварскиот гигант го потврди својот квалитет откако со 2:0 славеше на гости кај Баер во Леверкузен.

Хари Кејн во 22 минута го најави триумфот на Баерн, а сите дилеми беа решени кога Луис Дијас буквално во последните моменти од мечот зголеми на 2:0.

Во финалето Баерн ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Штутгарт и Фрајбург кој ќе се игра утревечер.

 

- Оглас -

Најнови вести