Баерн Минхен и ПСЖ ќе бидат без петмина од тие кои беа дел од ланското финале во ЛШ

Екипите кои лани играа во големото финале во Лигата на шампиони, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, вечерва ќе се сретнат во првиот меч од четвртфиналната фаза на елитното натпреварување на УЕФА. Баерн се радуваше во финалето одиграно во август минатата година благодарение на голот на Коман во 59-тата минута.

Од тој меч, вечерва во составот на Баерн ќе фалат неколкумина играчи, и тоа поради најразлични повреди. Првата ѕвезда во тимот Роберт Левандовски има повреда на коленото заработена додека беше на репрезентативни обврски со Полска. Ќе ги нема и Серж Гнабри, Толисо, Мартинез и резервниот голман Хофман. Веќе два месеци повреден е и Даглас Коста.

Баерн Минхен ќе биде без петмина од тие кои се радуваа лани на стадионот „Луж“, но исто толку фудбалери ќе фалат и кај ПСЖ. Светците ќе бидат без Бернат, Курзава, Паредес и Верати, кои беа дел од финалето, како и Икарди, кој остана на клупата за резерви во ланскиот меч.

Тоа што е интересно за досегашните дуели меѓу Баерн и ПСЖ е дека двата тима имаат по пет победи, а никогаш не одиграле нерешено.

 

- Оглас -

Најнови вести