Баерн Минхен постави рекорд за историјата на германскиот фудбал

Баерн Минхен уште еднаш потврди дека е најдобар тим во германската Бундеслига, откако со 1:0 славеше на гости кај Лајпциг во дербито за титулата. Леон Горецка беше стрелец на погодокот кој на крајот значеше и три бода за актуелниот германски, европски и светски клупски првак.

Погодокот на Горецка го одведе Баерн на плус седум бодови пред Лајпциг на табелата, но тој гол имаше и многу поголемо значење. Баварскиот гигант стана првиот германски клуб кој успеал да постигне барем по еден погодок на 62 натпревари по ред во сите натпреварувања.

 

- Оглас -

Најнови вести