Баерн Минхен се „истури“ со голови над Унион Берлин за нов рекорд во Бундеслигата (ФОТО)

Баерн Минхен со денешните пет гола во мрежата на Унион Берлин, постави нов рекорд во историјата на Бундеслигата.

Машинеријата од Минхен ја надмина бројката од 35 дадени голови по 10 одиграни средби, со што поставија нов рекорд во најквалитетната германска лига.

Пред малку „настрада“ Унион Берлин во меч кој заврши 7+ (2:5). Роберт Левандовски постигна нови два гола во 15. и 23. минута, а третиот гол во првиот дел за гостите беше дело на Лирој Сане (35′).

Водството го намали Нико Гиселман со што на полувреме се замина со резултат од 1:3. Во продолжението, Кингсли Коман (61′) и Томас Милер (79′) дадоа гол за Баерн, а во меѓувреме Џулијан Риерсон го даде вториот погодок за домаќините.

И Борусија Дортмунд дојде до три бода и тоа без повредениот Ерлинг Халанд, откако со 2:0 го победи Келн. Торган Азар и Штефен Тигс погодоја за радост на „Сигнал Индуна“ парк.

Баерн Минхен сега има 25 бода, а нивниот најголем ривал од Дортмунд е на „минус“ еден, по 10 одиграни натпревари.

 

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО БУНДЕСЛИГА
Фрајбург – Гројтер Фур 3:1
Борусија Дортмунд – Келн 2:0
Баер Леверкузен – Волфсбург 0:2
Арминија Билефилд – Мајнц 1:1
Унион Берлин – Баерн Минхен 2:5
Ајнтрахт Франкфурт – РБ Лајпциг 18:30 часот

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести