Баерн Минхен со неверојатен рекорд

Најтрофејниот германски клуб Баерн Минхен постави нов апсолутен рекорд кога се работи за финансиите. Германскиот шампион во сезоната 2018/19 успеа да направи промет од неверојатни 750 милиони евра.

„Минатата сезона ни беше одлична. Не само од спортски аспект, туку и од финансиски. Сумата од 750 милиони евра е апсолутен рекорд“, изјави главниот финансиски директор Јан-Кристијан Дресен.

Баерн и во претходните две сезони финансиски помина одлично. Во сезоната 2017/18 пријави приход од 657,4 милиони евра, а во сезоната пред тоа, заработката им била 640,5 милиони евра.

Челниците на Баерн уште во јануари најавија дека очекуваат рекордна заработка, па затоа и летово решија да потрошат рекордна сума за нови засилувања. За првпат во Баерн ја надминаа бројката од 100 милиони евра потрошени за нови играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести