Јапонскиот тим Гамба Осака е новиот клупски првак во Азија. Во финалето на азиската Лига на шампиони, Гамба Осака минимално со 1:0 го победи тимот на Ал Наср и се искачи на континенталниот трон.
Клучниот момент на средбата се случи во 30 минута кога турскиот интернационалец Денис Хумет одлично се наместо пред противничкиот шеснаесетник, доби една топка и успеа да погоди за водство на Гамба Осака. На крајот, тој погодок се покажа дека е вреден трофеј во Лига на шампиони, а може да го видите ТУКА.
Со овој пораз на Ал Наср, првата ѕвезда на саудискиот тим, Кристијано Роналдо претрпе уште едно големо разочарување. Роналдо ја игра третата сезона во Ал Наср, но уште се нема израдувано на освоен пехар. И вечерва, Португалецот се размина со пехарот наменет за најдобриот тим на азискиот континент.
До крајот на сезоната, Ал Наср останува да одигра само уште еден меч и тоа во последното коло од домашното првенство. Таму Ал Наср доволно е да не загуби, за конечно Роналдо по три години играње во Саудиска Арабија да го освои првиот пехар, но останува да се види дали тоа конечно ќе се случи.

