Баерн мислеше на Париз, па не победи против Унион Берлин

Баерн Минхен одигра само 1-1 на свој терен против Унион Берлин, и испушти два бода во трката со Лајпциг за титула во Бундеслигата. Баерн е прв со пет бода предност, но нема да бидат задоволни што против гостите од Берлин одиграа нерешено.

Во мислите на баварците беше гостувањето кај ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па играа во чуден состав со многу резерви, и не е чудно што се мачеа. Кога конечно поведоа со гол на Мусијала, се чинеше дека Баерн сепак ќе освои три бода, но не беше така. Гостите го совладаа Нојер во 86-тата минута со гол на Ингвартсен и извлекоа нерешен резултат.

На другите три попладневни меечви во Германија, се играше ефикасно, паѓаа четири или повеќе голови.

- Оглас -

Најнови вести