Баерн му покажа на Шалке кој е шампион на Германија

Баерн Минхен со убедлива победа од 5:0 го врати во реалноста Шалке 04 и му покажа кој е шампион на Германија.

Со петарда Баварците ја продолжија убавата традиција против Шалке и ја забележаа седмата победа по ред во меѓусебните дуели.

Голеадата ја почна Роберт Левендовски во шестата минута, продолжија Милер, Горецка, Алкантара а завршија со Гнабри.

Баерн сега има 39 бода, само еден помалку од лидерот Лајпциг, кој денеска загуби од Ајнтрахт во Франкфурт.

Шалке остана на петтата позиција со 33 бода.

Во ист термин од 18.30 часот во меч од Ла Лига Вилјареал како гостин го победи Алавес со 2:1. Бака и Нино со по еден гол и донесоа победа на популарната „Жолта подморница“. Почесен гол за домаќините постигна Жозелу.

- Оглас -

Најнови вести