Баерн му покажа на Унион Берлин кој е шампион во Германија 

Фудбалерите на Баерн Минхен славеа со убедливи 3:0 против Унион Берлин во дербито на 22-то коло во Бундеслигата.

Со победата, баварците се искачија на првата позиција на табелата со 46 бода, исто колку што има и Борусија Дортмунд, додека Унион Берлин,кој е најпријатно изненадување во Бундеслигата, остана на третото место со три бода помалку.

Шампионот победата ја обезбеди уште во првото полувреме кога ги постигна сите три гола.

https://twitter.com/i/status/1629893049810550784

Резултатот го отвоти Ерик Максим Чупо-Мотинг со голот во 31-та минута по асистенцијата на Кингсли Коман.

https://twitter.com/i/status/1629893215221432322

Токму Коман, девет минути подоцна, зголеми на 2:0, а во последните моменти од првиот дел, Џамал Мусиала го постави конечниот резултат.

https://twitter.com/i/status/1629894431498280968

 

- Оглас -

Најнови вести