Баерн налето ќе прави чистка, седуммина веќе се отпишани, а меѓу нив е и капитенот Нојер

Управата на Баерн Минхен откако одлучи да се раздели со тренерот Томас Тухел на крајот од сезоната, налето планира да направи чистка и во играчкиот кадар, објавија германските медиуми.

Магазинот „Билд“ ја објави трансфер-листата на која се наоѓаат дури седуммина фудбалери и меѓу нив се имиња кои досега се сметаа за недопирливи.

Меѓу отпшаните се Буна Сар и Ерик Чупо-Мотинг, на кои договорите им истекуваат на крајот од сезоната и нема да им бидат продолжени.

На листата за отстрел се и ѕвезди како капитенот и еден од најдобрите голмани на денешницата Мануел Нојер, Свен Улрих, Алфонсо Дејвис, Џошуа Кимих и Лерој Сане, чии договори истекуваат во 2025 година и доколку пристигне примамлива понуда за нив, тие ќе бидат продадени.

Алфонсо Дејвис се наоѓа пред трансфер во Реал Мадрид, Кимих се поврзува со Барселона, додека за Сане има интерес од неколку премиерлигаши. Засега нема интерес единствено за вториот голман Улрих.

Најспецифична е ситуацијата со капитенот Нојер, кој би можело да остане во Баерн Минхен и следната сезона само под услов да се помири со податокот дека ќе биде втор голман.

- Оглас -

Најнови вести