Баерн официјално потврди: Дајер нема да се врати во Тотенхем

Само еден ден после киксот против Фрајбург, од Баерн Минхен официјално соопштија дека Ерик Дајер и следната сезона останува нивни фудбалер. Тој зимава пристигна во Баварија како позајмен фудбалер од Тотенхем, со опција доколку одигра барем седум натпревари, Баерн да има право автоматски да му го продолжи договорот за уште една сезона.

Договорот на Дајер со Тотенхем истекува налето, па „баварците“ нема да платат обесштетување за да го задржат.

– „Договорот со Ерик Дајер е продолжен за уште една година. Со своите особини тој е драгоцена поддршка за нашата одбрана.“ – рече спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Ебрл.

Задоволство од продолжувањето на договорот има и кај фудбалерот, кој вели дека е среќен во Минхен.

– „Многу сум среќен во Минхен. Мојата иднина е решена и сега можам да се концентрирам само на фудбалот и да ѝ помогнам на екипата. Сакаме да победуваме и да освојуваме трофеи, иако позади нас е тежок период.“ – рече Дајер.

- Оглас -

Најнови вести