Баерн пазари уште еден германски „вундеркинд“

Баерн Минхен ги осигури услугите на Јан Фите Арп, талентираниот германски напаѓач од редовите на второлигашот Хамбургер. Како што известува „Билд“, германскиот првак исплатил 2,5 милиони евра за негова компензација, а фудбалерот ќе одлучи дали на „баварците“ ќе им се придружи по крајот на оваа сезона или во 2020 година.

Арп веќе извесно време е во првиот тим на Хамбургер, лани во Бундеслигата настапи дури на 18 меча, на кои главно влегуваше од клупа. Сепак, со своите 19 години тој покажува огромен потенцијал, а Баерн не пропушта шанса да купи сѐ што е добро од германските фудбалски школи. И оваа сезона повеќето настапи ги бележи влегувајќи од клупата, а најмногу се покажува во младинските селекции на „панцерите“.

Баерн ја применува својата трансфер-политика веќе долга низа години, а од поново време како успешни трансфери се покажаа: Мануел Нојер од Шалке, Леон Горецка исто така од Шалке, Џошуа Кимих од Лајпциг, Никлас Зиле од Хофенхајм.

- Оглас -

Најнови вести