Баерн планира еден супер трансфер ако летово остане без Левандовски и Коман

Баерн Минхен, кој го има еден од најсилните тимови во Европа, во летниот преоден рок би можел да ги освежи редовите со една ѕвезда. Условот е да си заминат Роберт Левандовски и Кинсли Коман.

Доколку Полјакот и Французинот бидат продадени и ја сменат клупската средина, баварскиот гигант со парите од продажбите планира да го купи Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд. Нема да биде ни прв, веројатно ни последен пат Баерн да земе ѕвезда на Борусија, така беше и со Левандовски.

На Левандовски договорот му истекува во 2023 година и ако не добие нов договор со поголема плата, ќе сака да си оди во летото 2022. Желба на Леви е да игра за Реал Мадрид, ПСЖ или некаде во Премиер лигата.

Но, Халанд не е единствениот офанзивец за кого е заинтересиран Баерн. Интересни им се и Федерико Кјеза од Јувентус и вечно повредениот Усман Дембеле од Барселона.

- Оглас -

Најнови вести