Баерн победи со 27:0, но лудо е тоа што го промаши Мане (Видео)

Баерн Минхен во првиот контролен меч во пресрет на новата сезона, победи со нестварен резултат од 27:0 против аматерскиот тим на Ротах Егерн. Не е ни чудо што германскиот првак успеа да даде 27 голови, затоа што противникот во своите редови имаше и фудбалери кои имаат и по 53 години. 

И покрај 27-те голови што ги даде Баерн, еден момент се најде во фокусот, а тоа промашувањето на Садио Мане во 73 минута од мечот. Напаѓачот на Баерн Минхен промаши зицер кога наместо да постигне гол, шутираше покрај голот, а дел од навивачите на баварците веднаш го критикуваа дека не е во форма.

Мане кој играше во второто полувреме успеа да постигне два гола, а дури тројца фудбалери на Баерн погодија по пет пати во мрежата на аматерски ривал.

https://twitter.com/i/status/1681366020747931651

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести